*** КАТЧЕ ПО ЕВРОПСКИ ТЕРК

Спортско Рекреативниот Центар – Клуб ``ЕЈ-БИ-СИ``, Ви стои на располагање од месец Април до месец Ноември за еднодневно користење на истиот.
Капацитетот на просторот одговара за групи од 300 – 350 лица, со преку 450 седишта, дел на сонце, дел под покрив.
Просторот е ограден и безбеден, еколошки чист со зелени површини и простори за одмор и сончање.
Бунарската вода е  минерална и е безбедна за пиење и капење, а истата се затоплува преку соларен систем што Центарот го прави единствен!Низ целиот простор се инсталирани тушеви и санитарни чворови со топла и ладна вода.
Базените за рекреација и капење (25х6 и 8х3) по потреба се затоплуваат со топла вода преку поставените хидромасажери во секој од нив.
Квалитетот на водата (за пиење и капење) е под редовна контрола на Завод за здравствена заштита.
Спортско Рекреативниот Центар – Клуб``ЕЈ-БИ-СИ`` располага со мини продавница и сендвичара каде може да купите безалкохолни пијалоци, кафе, сладолед, разни кондиторски производи, домашна пита, тост и слично.

 
       

       

 

       

       

       

       
 
- Почетна | Локација | Катче по Европски терк | Спорт и рекреација | Услуги | Екскурзии | English -
тел:071 70 97 19 ; 075 526 500 , 075 27 84 94 ; 02/2566 277 ; 02/3239 957
contact@ejbisi.com.mk © 2010 webstrani.com